Техничката влада на Словачка објави дека ја прекинува дополнителната воена помош за Украина, бидејќи политичките партии кои се противат на таквата поддршка преговараат за коалиција по изборите минатиот викенд.
„Техничката влада во заминување во Словачка повеќе нема да испраќа никаков воен материјал во Украина“, објави владиниот портпарол, пренесува „Политико“.
Тој објасни дека одлуката за ова прашање треба да го одрази исходот од неодамнешните парламентарни избори и да го следи исходот од преговорите за формирање влада што се водат деновиве.