„Дали се шегувате или што“: Вучиќ изненаден поради прашање за Радоичиќ

од Stefanija Kuzmanovska
554 прегледи

Српскиот претседател Александар Вучиќ на новинарско прашање на „Скај њуз“ зошто нема да го екстрадира Милан Радоичиќ во Приштина одговори со реченицата – „дали се шегувате или што“.

Зборувајќи за соработката со Радоичиќ, кој до неодамна беше потпретседател на Српската листа, новинарот кој го направи интервјуто со Вучиќ го праша српскиот претседател зошто не го екстрадира Радоичиќ во Приштина, на што Вучиќ одговори „дали се шегувате или што“.

„Ве прашувам дали се шегувате затоа што знаете дека не можеме никого да го испорачаме во Приштина, бидејќи не го признаваме Косово како држава“, рече претседателот на Србија.

Вучиќ додаде и дека вооружениот конфликт што се случи во Приштина на 24 септември е тешко кривично дело.

„Имаше илјадници тешки злосторства и иако сме членка на ОН, тие (Приштина) никого не екстрадираа во Белград“, додаде претседателот на Србија во интервјуто за „Скај њуз“.

Слични содржини