254
Кога милитантната група Хамас започна напад врз Израел, меѓу другото, имаше за цел да ги наруши новите регионални сојузи кои би можеле да ги загрозат палестинските аспирации за државност и амбициите на Иран, пишува денеска Ројтерс.
Нападот во саботата се совпаѓа со обидите на САД да ја натераат Саудиска Арабија да ги нормализира односите со Израел во замена за одбранбениот договор меѓу Вашингтон и Ријад.
„Ова е порака до Саудиска Арабија и Американците кои ја поддржуваат нормализацијата на односите и до Израел дека регионот нема да биде безбеден се додека Палестинците се надвор од равенката“, изјави неименуваниот извор на британската агенција.