231
Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск, побара денеска „да се запрат нападите“ во Израел, наведувајќи дека „тероризмот и војната не водат до никакво решение“.
„Со страв и тага следам што се случува во Израел. Изразувам солидарност со семејствата на жртвите. Се молам за сите оние кои живеат во ужас и вознемиреност“, рече папата по традиционалната неделна молитва.
„Ве молам да престанете со нападите и да престанете да користите оружје. Тероризмот и војната не водат до никакво решение, туку носат само смрт и страдање на толку многу невини луѓе. Секоја војна е нов пораз“, додаде тој.
„Се молиме за мир во Израел и во Палестина“, заклучи Папата, кој конкретно не ги спомна ниту Појасот Газа ниту Хамас.