Пад на вредноста на израелските акции, затворени бројни компании

од Stefanija Kuzmanovska
262 прегледи

Вредноста на израелските акции и обврзници се намалија, а многу бизниси се затворени денеска, еден ден откако палестинската група Хамас изврши напад врз Израел.

Клучните берзански индекси во Тел Авив сега се пониски за речиси седум отсто, најмногу поради девет отсто пад на банкарските акции со промет од 573 милиони долари, а вредноста на државните обврзници паднаа за цели три отсто.

И покрај тоа што девизниот пазар беше затворен денеска, израелскиот шекел веќе беше на најслабо ниво за една година поради владиниот план за реформи во судството.

Слични содржини