Водата во Скопје безбедна за пиење и со добар квалитет

од Nikola Popovski
120 прегледи

Водата за пиење во Скопје е безбедна, покажуваат добиените резултати од испитувањата, односно сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РМ, бр. 183/18).

Од ЈП „Водовод и канализација“ во Скопје утрово го објавија неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола, кој е всушност прва лабораторија во државата што го акредитира своето работење според стандардот ИСО17025:2018.

– Секторот за санитарна контрола во периодот од 02.10.2023 до 06.10.2023 зема 198 примероци за физичко-хемиска и 198 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 41 мерни места во Градот Скопје. Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење, се наведува во соопштението.

Слични содржини