Се вратија во земјава деветте велешани кои беа затекнати во Израел

од Nikola Popovski
217 прегледи

Деветмината туристи од Велес кои се затекнаа во Тел Авив за време на нападите од Хамас врз Израел безбедно се вратени во Македонија, информираа од МНР. Тие беа прифатени на специјалниот лет на Владата на Албанија до Тирана, по што во организација на македонското Министерство за надворешни работи со организиран транспорт се префрлени во земјава.

Од Министерството додаваат дека во наредните денови ќе има повеќе специјални летови за Тел Авив, во координација со министерствата на земјите од регионот да им помогнат на сите граѓани кои сакаат да се вратат во своите земји.

Во Израел, според сознанијата на МНР има меѓу 100 и 200 македонски државјани. Дел од нив веќе побарале помош за евакуација.

Слични содржини