„ИСТОТО ЗЛО“: Зеленски го спореди Хамас со Русија

од Stefanija Kuzmanovska
348 прегледи

Претседателот на Украина Володимир Зеленски денеска направи паралела меѓу рускиот напад врз неговата земја и упадот на милитантната група Хамас во Израел, велејќи дека само „правилата и меѓународното право“ можат да обезбедат мир во светот.

„Истото зло, а единствената разлика е во тоа што постои терористичка организација која го нападна Израел и терористичка држава која ја нападна Украина“, рече Зеленски во видео обраќањето на парламентарното собрание на НАТО во Копенхаген, пренесува „Тајмс оф Израел“.

Тој посочи дека единството мора и може да го спречи злото.

„Секој кој спонзорира терор нека ја почувствува силата на нашиот гнев. И сите на кои им е потребна помош во одбраната од теророт нека ја почувствуваат силата на нашата солидарност“, порача Зеленски.

Слични содржини