Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека Израел штотуку започнал офанзива против Појасот Газа, што е одговор на нападот врз неговата земја од страна на палестинската милитантна група Хамас.
„Ние само што ги започнавме нападите врз Хамас. Она што ќе им го направиме на нашите непријатели во наредните денови ќе го паметат генерации“, рече Нетанјаху во своето обраќање до нацијата, додавајќи дека сите територии каде што дејствува Хамас „ќе бидат претворени во урнатини“.
Тој изјави дека злосторствата извршени од Хамас не се видени уште од Исламската држава. Отсекогаш знаевме што е Хамас. Сега и светот знае. Хамас е ИСИС“, рече Нетанјаху, додавајќи дека одреден број терористи се уште се на територијата на Израел, пренесе „Тајмс оф Израел“.
Нетанјаху нагласи дека оваа војна е наметната од „страшен непријател“.