Битиќи би прифатил да биде првиот премиер Албанец

од Nikola Popovski
522 прегледи

Вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи вели дека не ја исклучува можноста и дека би ја прифатил задачата доколку биде предложен за прв премиер Албанец. Тој во синоќешното гостување на емисијата „Клик плус“ порача дека таквиот договор останува дел од договорот меѓу коалициските партнери СДСМ и ДУИ.

-Тоа може да се поништи само со нов договор меѓу двајцата лидери на двете партии кои го направија овој договор. Подадената рака за договор останува подадена рака и останува дека во последните 100 дена ќе има премиер Албанец, истакнал Битиќи.

Вицепремиерот зборувал и за евентуалното враќање во земјава на екс-премиерот и азилант Никола Груевски.

-Помирувањето не значи амнестија. Помирувањето може донекаде да ја ублажи казната, но нема простување на дела, истакнал Битиќи, запрашан за можно помирување и можна амнестија на Груевски.

Македонија наскоро треба да го добие првиот премиер Албанец, доколку не се одржат предвремени парламентарни избори. Ова е предвидено со договорот меѓу поранешниот премиер Зоран Заев и лидерот на ДУИ, Али Ахмети од 2020 година. Заев и Ахмети тогаш ја усогласиле рамката на новата коалициона влада, која предвидува на 100 дена пред редвони избори – ДУИ да предложи премиер.

Слични содржини