Сите вработени во здравството ќе добијат зголемени плати за 10%

од Nikola Popovski
228 прегледи

Министерот за здравство, д-р Фатмир Меџити вчера имал средба со претставниците од синдикатот за здравство по повод потпишување на Спогодбата меѓу Министерството и Синдикатот на здравствените работници за ново зголемување на платите на медицинскиот персонал од јавното здравство.

Станува збор за утврдување најниска плата на вработени во здравството и ќе се операционализира покачувањето од 10 отсто за сите вработени во здравството, предвидено со општиот колективен договор.

-На денешната средба со Самостојниот синдикат ја потпишавме Спогодбата за ново зголемување на платите на здравствените работници, како и анексот за изменување и дополнување на Колективниот договор за здравствената дејност, со кој се врши зголемување на платите на вработените во јавните здравствени установи со плати пониски од минималната, а со истото и ќе се операционализира покачувањето од 10 отсто за сите вработени во здравството. Ова е второ покачување на платите на здравствените работници годинава. Наша заложба е да имаме мотивирани здравствени работници кои посветено работат и обезбедуваат квалитетна здравствена заштита за пациентите, е епилогот од вчерашната средба, соопштија од Министерството за здравство.

Слични содржини