Димитриевски: Ќе изградиме правна држава во која граѓаните ќе бидат еднакви и ги задржува младите дома

од Nikola Popovski
184 прегледи

Факт е дека се работи на квантитет, а не на квалитет. Факт е дека создаваме необразовани генерации и тоа мора да се искорени. Студентите се нашата иднина. Ќе им ги дадеме сите можности да студираат бесплатно, а не да плаќаат. Да имаат можност да студираат во странство на сите врвни универзитети. Да можат да останат овде во Македонија, порача градоначалникот и идеен творец на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, Максим Димитриевски на вчерашното потпишување на Иницијативата.

Тој додаде дека нивната основна цел е да се вратиме на темелите на нашата државност, бидејќи како што вели, тоа што постојано го газат.

-Ќе работиме да изградиме држава во која право и правда ќе има за сите, а правата на сите граѓани ќе се почитуваат подеднакво, почнувајќи од најмладите, па се до пензионерите. Ќе работиме да изградиме држава која ќе ги задржи младите дома. Ние ЗНАЕМЕ како и заедно со вас граѓаните ЗНАМ дека ќе успееме, потенцирал Димитриевски.

Мототo на партијата која во следниот период и правно формално ќе биде формирана, по собирање на потребните потписи е „Од граѓаните за граѓаните“, а основна цел ќе биде да ги обедини граѓаните и да ја врати земјата на вистинскиот пат.

Слични содржини