Касами побара предвремени избори, вели е поисплатливо да се одржат заедно парламентарни и претседателски

од Nikola Popovski
207 прегледи

Претседателот на Беса и градоначалник на Тетово, Биљал Касами денеска се придружи на повиците на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени избори. Како што рече Касами, здружената албанска опозиција е веќе консолидирана и подготвена на следните парламентарни избори дали редовни или вонредни да победи.

Лидерот на БЕСА повика средба на лидерите на политичките партии за да се договори терминот на предвремените парламентарни избори.

Според него, економски поисплатливо е да има заедно и парламентарни и претседателски избори.

-Имајќи ја предвид ситуацијата економска во државата и трошоците кои се за организирање на изборите, ние инсистираме да имаме еден термин за претседателски и парламентарни избори со тоа што и редовниот термин е многу близок и цениме дека не треба да се направат дополнителни трошоци само за да парламентарните избори бидат три месеци покасно, истакна Касами.

Слични содржини