217
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денеска изјави дека во Романија ќе биде формиран центар за обука на украински пилоти на повеќенаменски ловци Ф16.
Ова го изјави шефот на украинската држава во Букурешт, на заедничката прес-конференција со романскиот претседател Клаус Јоханис, пренесе Униан.
„Има исклучително важна одлука за обука на пилотите на Ф16 во Романија, каде што се гради центар за таа цел“, рече Зеленски.