665
Израелската армија на социјалната мрежа „Х“ (Твитер) објави дека е нападната вечерва од територијата на Сирија.
Според извештаите, неколку гранати биле истрелани од Сирија.
– Евидентирани се неколку лансирања од сириска територија кон израелска територија. Некои од нив преминале на израелска територија и очигледно паднале на отворен простор – навеле ИДФ.
Се вели дека ИДФ одговорила со артилериски и минофрлачки оган.