(ВИДЕО) Гардероберот на Дејвид Бекам ја открива опсесијата на славниот фудбалер

од Vladimir Zorba
953 прегледи

Документарната серија на „Нетфликс“ за Дејвид и Викторија Бекам ги израдува фановите на оваа позната двојка, а посебно внимание привлекува поранешниот фудбалер.

Гледачите на серијата со денови ги прикачуваат омилените делови на социјалните мрежи, кои открија нови детали за животот на Дејвид и Викторија.

Многумина беа воодушевени од гардероберот на Бекам, кој не само што е полн со кошули, маици, панталони… туку се во него е како аптека.

Јакни, тексас кошули, џемпери уредно висат еден до друг, додека свечените кошули се комбинирани со одела кои висат под нив.

Маиците се наредени во фиоки по боја, но и под одреден агол, така што Бекам не мора да превртува се кога бара нешто, туку да види што има под што.

Сепак, две работи особено привлекоа внимание. Едната е што познатиот фудбалер има посебен штендер на кој има посебни комбинации кои ќе ги носи до крајот на неделата.

Тој вели дека ваквото планирање на аутфит започнало со изборот на гардероба за наутро во вечерните часови, а потоа преминал на планирање за целата наредна недела.

Кој не сфати дека е перфекционист, тоа го виде кога ја отвори вратата од плакарот во кој се чуваат панталони и фармерки. Покажувајќи што има во тој дел од гардеробата, попатно рече „аааа некој бил тука“.

„Некој бил тука?“, прашал репортерот, а Бекам потоа почнал да ги движи закачалките така што тие биле подеднакво оддалечени, што имплицирало дека некој му претурал низ плакарот.

Слични содржини