Поранешната порно актерка, а сега инфлуенсерка Миа Калифа ја загуби соработката со Плејбој поради коментари за војната меѓу Израел и Хамас.
Калифа (30), која е родена во Либан, на социјалните мрежи им изрази поддршка на Палестинците, а компанијата „Плејбој“ ја исфрли од својата дигитална платформа, каде што беше голема ѕвезда со исклучително профитабилен договор.
„Почитувана креативна заедница, би сакале да ве информираме за нашата одлука да ја прекинеме соработката помеѓу Плејбој и Миа Калифа, вклучително и бришење на нејзиниот канал од нашата платформа. Во текот на изминатите неколку дена, Миа даде одвратни и незрели коментари славејќи ги нападите на Хамас врз Израел и убиствата на невини мажи, жени и деца. Во Плејбој го охрабруваме слободното изразување и конструктивна политичка дебата, но имаме политика на нулта толеранција за говорот на омраза. Очекуваме Миа да разбере дека нејзините зборови и постапки имаат последици“, соопштија од „Плејбој“.
Инаку, голем број различни твитови кои Миа ги објави беа спорни. Таа и претходно беше позната по нејзиниот критички однос кон Израел и нејзината поддршка за Палестинците.
I just wanna make sure there’s 4k footage of my people breaking down the walls of the open air prison they’ve been forced out of their homes and into so we have good options for the history books that write about how how they freed themselves from apartheid. Please worry about… https://t.co/sgx8kzAHnL
— Mia K. (@miakhalifa) October 8, 2023
Поранешната порно актерка не престана да објавува слични содржини дури и кога на нејзиниот профил на социјалните мрежи почнаа да пристигнуваат критики. Така таа ја обвини ѕвездата Кајли Џенер дека не е информирана за геополитиката на Блискиот Исток. Кајли Џенер му изрази поддршка на Израел, а потоа ја избриша објавата.