Бројот на загинатите во нападите на палестинската милитантна група Хамас врз Израел се зголеми на 1.300, соопштија денеска локалните власти.
Околу 3.300 луѓе се повредени, од кои 28 се во критична состојба, пишува The Times of Israel.
Во исто време, се уште не е позната судбината на околу 150 луѓе кои беа киднапирани и однесени во Појасот Газа, пренесува „Танјуг“.