ФОТО: Новинар на ХРТ од Израел известува легнат на земја, позади него жени безгрижно на мобилен

од Stefanija Kuzmanovska
400 прегледи

Хрватскиот новинар и телевизиски водител Петар Влахов синоќа се јавил во Дневник 2 од Тел Авив, Израел и поради тоа стана предмет на шега на Твитер.

Имено, Влахов известувал за ХРТ легнат на земја во поза на некој врз кого паѓаат бомби со шлем на главата, а зад него лежерно до автомобилот стоеле две жени.

Влахов носел откопчан зелен шлем и не носел панцир, додека другите репортери во Израел носат син панцир со натпис ПРЕС и син шлем бидејќи новинарите во воените зони мора да бидат обележани. Не се знае од каде е зелениот шлем на Влахов.

Тој за Дневник навел дека непосредно пред известувањето бил сведок на ракетен напад на Хамас и дека тој и сите други виделе неколку ракети и морале да излезат од автомобилот.

Слични содржини