Бројот на Палестинците убиени во израелските воздушни напади врз Појасот Газа се искачи на најмалку 1.417 лица. Меѓу нив има 447 деца, соопшти во четвртокот попладне Министерството за здравство во Газа.
Повредени се најмалку 6.268 луѓе.
Израел континуирано ја бомбардира густо населената и сиромашна палестинска крајбрежна енклава и го запре влезот на храна, гориво и лекови, создавајќи страшни услови за цивилите во Газа, со која владеат исламистичките милитанти на Хамас.
Израелските власти соопштија дека 1.200 луѓе биле убиени, а уште 3.000 ранети во напад на Хамас врз заедници и музички фестивал во близина на Појасот Газа во текот на викендот.