Во Окружниот суд во Нара денеска почнува судскиот процес против атентаторот на поранешниот долгогодишен јапонски премиер Шинзо Абе.
Во јапонскиот град Нара денеска со прелиминарно рочиште почнува судскиот процес против Тецуја Јамагами, атентаторот на поранешниот јапонски премиер.
Судењето на четириесетгодишниот Јамагами, кој е обвинет за убиството на шеесет и седумгодишниот Абе со рачно изработено оружје на 8 јули минатата година, ќе биде затворено за јавноста и за медиумите.
Процесот требаше да започне во јуни годинава, но беше одложен со цел да се зголемат безбедносните мерки, бидејќи на адресата на Окружниот суд во Нара пристигна сомнителна кутија, која мораше да ја прегледа полициската екипа за отстранување на експлозивни направи.
Абе двапати беше шеф на државата, вкупно девет години. Тој се повлече од премиерската функција во 2020 година, но како лидер на досега најголемата фракција на владејачката Либерално-демократска партија, тој остана највлијателниот политичар во земјата до неговата смрт.