Гир: Штом се изгласаат уставните измени, нема други дополнителни одлуки кои би требало да се донесат

од Nikola Popovski
316 прегледи

Уставните измени се прашање во рацете на самата држава и Собранието и тие кои што се засегнати. Тоа е суверена одлука што треба да се носи, но штом се донесе одиме кон следниот чекор и земјата продолжува да се придвижи напред и нема други дополнителни одлуки кои треба да се носат понатаму, вели евроамбасадорот Дејвид Гир за процесот на промена на Уставот и внесување на бугарското малцинство во него.

Гир е дециден дека местото на Македонија е во ЕУ.

-Позитивно гледам на усвојувањето на уставните амандмани. Истовремено да може земјата да ги имплементира сите реформи, за да може да стане полноправна членка, кажа Гир при посетата на општина Шуто Оризари.

Евроамбасадорот очекува сите измени да се направат што е можно поскоро, за да се забрза евроинтеграцискиот пат на земјата.

Слични содржини