Битиќи и Агелер на средба со претставници на Евро–Атлантскиот Совет на С. Македонија

од Vladimir Zorba
292 прегледи

Заменикот на претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи и амбасадорката на САД, Анџела Агелер, денес остварија средба со претставници на Евро–Атлантскиот Совет на Северна Македонија.

На средбата заеднички беше констатирано дека полноправното членство на Северна Македонија во НАТО, обезбеди сигурност и стабилност, кои се основните предуслови за економски раст и развој на земјата, притоа овозможувајќи предвидлив амбиент за трговија и инвестиции.

Во контекст на евроинтегративните процеси на земјата заеднички беше оценето дека членството во НАТО игра клучна улога, покажувајќи посветеност на земјата кон демократските вредности, стабилноста и меѓународната соработка, што е од суштинско значење за полноправното членство во ЕУ.

Се афирмираше и ставот дека е неопходно Северна Македонија да го задржи европскиот стратешки правец, како единствен кој промовира мир и води кон просперитет на целокупното општеството.

Слични содржини