Шефот на иранската дипломатија даде застрашувачки прогнози доколу Хезболах влезе во војната

од Nikola Popovski
629 прегледи

Иранскиот министер за надворешни работи Хосеин Амир-Абдолахиан изјави во Бејрут дека влегувањето на Хезболах во војната ќе биде „голем удар“ за Израел.

Амир-Абдолахиан го повика Израел да ги прекине нападите врз Газа, предупредувајќи дека војната може да се прошири и на другите делови на Блискиот Исток доколку Хезболах се приклучи на борбите, објави „The Times of Israel“.

Иранскиот министер за надворешни работи изјави за новинарите дека либанската група Хезболах ги разгледала сите воени сценарија и дека Израел треба што поскоро да ги прекине нападите врз Газа.

Амир-Абдолахиан изјавил дека се сретнал со лидерот на Хезболах, Хасан Насрала, кој го информирал за условите кои терористичката група ги поставува во Либан.

„Сакам да ги предупредам воените злосторници и оние кои го поддржуваат овој ентитет пред да биде предоцна да ги запрат злосторствата врз цивилите во Газа, бидејќи може да биде предоцна за неколку часа“, рекол иранскиот министер.

Хезболах е либанска шиитска паравоена формација која беше создадена во 1982 година, како одговор на влегувањето на Израел во јужен Либан.

Фото: Jad Abou Jaoude