Израелците тврдат дека убиле уште еден командант на Хамас, објавено ВИДЕО од нападот

од Nikola Popovski
197 прегледи

Израелските одбранбени сили (ИДФ) тврдат дека убиле уште еден висок припадник на палестинската милитантна група Хамас. Тие објавија видео за кое велат дека го прикажува неговото убиство при воздушен напад.

Израелците објавила дека го убиле командантот Али Кади, за кој рекоа дека го водел минатонеделниот напад на Хамас врз Израел. Посочуваат дека Кади бил уапсен во 2005 година откако киднапирал и убивал Израелци, но дека бил разменет како дел од договор за размена за израелскиот војник Гилад Шалит. ИДФ соопшти дека секој „терорист ќе се соочи со истата судбина“.

Потсетуваме, израелската армија претходно денеска соопшти дека синоќа го убила еден од најважните луѓе на Хамас, шефот на воздухопловните сили Мурад Абу Мурад.

Тврдат дека тој е меѓу оние кои одиграле значајна улога во подготовката за минатонеделниот напад. Претходно оваа недела усмртен беше палестинскиот министер за финансии, член на Хамас, Јуад Абу Смалах и функционер кој бил близок до лидерот на Хамас во појасот Газа. Беше нагласено дека министерот Смалах е одговорен за управување со фондовите на Хамас и дека средствата ги наменил за напади надвор од Појасот Газа.

Слични содржини