1,1K
Српската турбо-фолк пејачка Светлана Цеца Ражнатовиќ неодамна настапила на свадба во земјава и ги воодушевила сите присутни.
Како што пишува српски „Телеграф“, станува збор за свадбата на синот на Сашо Мијалков, поранешниот шеф на македонската контраразузнавачка служба.
Се наведува дека Цеца ги отпеала своите најголеми хитови, но и песните на колегите, додека сите присутни најмногу ги воодушевила кога ја отпеала „Македонско девојче“.
View this post on Instagram
Заедно со неа пееле и гостите, а според пишувањата на оваа свадба покрај Цеца пеел и најпознатиот руски рапер Тимати.