Автомобилската компанија Kia ја претстави својата нова стратегија за продажба на електрични возила (EV), која има за цел да привлече поголем број клиенти со одредени поволности.
Електричните возила сè уште не се мејнстрим поради нивната релативно висока цена и несоодветната инфраструктура за полнење овде и во странство. Сепак, јужнокорејскиот производител на автомобили ја повтори својата силна подготвеност да ја скрши оваа перцепција и да направи електрични возила со пред се по разумни цени, се вели во соопштението, пишува Korea Times.
„Kia има за цел да постигне целосна линија за производство на електрични возила, а нашиот EV со средна големина ќе чини во опсег од 35.000 долари (46,8 милиони вони) до 50.000 долари, што веруваме дека е конкурентно ниво за проширување на продажбата на ЕВ за повеќето луѓе“, рече Претседателот и извршен директор на Kia, Сонг Хо Сунг.
Тој додаде дека трансформацијата на Kia кон електрификација не е избор, туку неопходност и изрази надеж дека на клиентите ќе им понуди одржливи решенија за мобилност.
Производителот на автомобили, исто така, ја откри својата визија за проширување на глобалните центри за производство на електрични возила во осум региони до 2025 година.
Што се однесува до решението за недостигот на станици за полнење, компанијата исто така вети дека ќе биде партнер со други производители на автомобили за да формира повеќе станици во земјата и во странство. На пример, коалиција од шест производители на автомобили, вклучувајќи ги Hyundai, Kia и BMW, планира да инсталира 30.000 станици за полнење електрични возила во Северна Америка до 2030 година.
Kia изрази уверување дека ќе го постигне својот амбициозен план за продажба на повеќе од еден милион електрични возила годишно на светскиот пазар до 2026 година. Таа бројка, исто така, се очекува да порасне на повеќе од 1,6 милиони до 2030 година, според проценките на производителот.