Папата Франциск денеска апелирал „итно“ да се отворат хуманитарни коридори за жителите на Појасот Газа, кој е под израелско бомбардирање и опсада.
– Треба да се почитува хуманитарното право, пред се во Газа, каде што е итно и неопходно да се гарантираат хуманитарни коридори и да се помогне на населението, вели папата.
Тој ова го кажал на традиционалната молитва на плоштадот Свети Петар во Ватикан.
– Одлучно барам децата, болните, постарите, жените и сите цивили да не станат жртви на конфликтот, побарал Папата.
#Pope at Angelus: I continue to follow with great sorrow what is happening in Israel and Palestine. I think again of the many… in particular of the children and the elderly. 1/3 pic.twitter.com/o32M049Tik
— Catholic News Service Rome (@CatholicNewsSvc) October 15, 2023
По крвавиот напад што палестинската екстремистичка организација Хамас го изврши на израелска територија на 7 октомври, Израел прогласи „тотална опсада“ на појасот Газа, го забрани увозот на храна и го прекина снабдувањето со вода и струја за 2,4 милиони жители на палестинската територија.
Папата Франциск, исто така, го повтори апелот за ослободување на заложниците киднапирани од Хамас во јужен Израел.