Бајден: САД се способни да се грижат за Украина и Израел

од Nikola Popovski
283 прегледи

Соединетите Американски Држави имаат доволно ресурси истовремено да ги поддржат и Украина и Израел, изјави американскиот претседател Џозеф Бајден.

– За волја на Бога, ние сме САД, најмоќната земја во целата историја на човештвото. Ние сме во состојба да се грижиме и за Украина и за Израел, додека ја одржуваме нашата одбранбена способност во меѓународните граници, рекол Бајден во интервју за Си-Би-Ес.

Тој посочил дека САД имаат и можност и обврска да ги поддржат двете земји.

За разлика од Бајден, руското Министерство за надворешни работи ги повика страните да ги прекинат непријателствата. Рускиот претседател Владимир Путин го поддржува ставот дека решението за кризата на Блискиот Исток се заснова на формулата за две држави одобрена од Советот за безбедност на ОН.

Слични содржини