Значително намалување на температурите: Облачно со засилен ветер

од Nikola Popovski
152 прегледи

Времето во земјава претпладне ќе биде облачно со локални врнежи од дожд, додека попладне променливо облачно и свежо, информираат од УХМР. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, најизразен долж Повардарието.

Температурите наутро ќе бидат од 6 до 16 Целзиусови степени, а во попладневните часови од 11 до 22 Целзиусови степени.

Во Скопје во утринските часови со врнежи од дожд, преку денот променливо облачно и ветровито. Ќе дува засилен ветер од северен правец.

Максималната температура ќе се искачи до 17-тиот степен.

Според УХМР, и утре ќе биде претежно облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд, а дневната температура ќе опадне за повеќе од десет степени.

Од среда ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди и со пораст на дневната температура.

Слични содржини