289
Едноставен рецепт за подготовка на лосос.
Состојки:
(за 4 лица)
– 4 поголеми филети лосос (600-800 g)
– 2 лажици маслиново масло
– 2-3 лажички сув билен зачин
– 1,5 лажици сенф
– 2 лажици мед
Подготовка:
Филетите лосос ставете ги на плех обложен со хартија за печење.
Премачкајте ги со маслиново масло и посипете со сув билен зачин.
Во помал сад измешајте ги сенфот и медот и премачкајте ги врз лососот. Се пече во рерна загреана на 250 степени на највисоко ниво околу 10 минути.
Послужете со салата по ваш избор.
Совет:
Наместо мед, можете да користите кафеав шеќер или јаворов сируп.