Хамас ја презеде одговорноста за нападот врз Ерусалим и Тел Авив

од Vladimir Zorba
417 прегледи

Уште еден ракетен напад е извршен од Појасот Газа кон подрачјето на Тел Авив, со најмалку едно пресретнување, а одговорноста за денешниот ракетен истрел кон Тел Авив и Ерусалим ја презеде милитантната палестинска организација Хамас, пишува „Тајмс оф Израел“.

Силен ракетен оган денеска го погоди подрачјето на Ерусалим и Тел Авив, поради што членовите на Кнесетот во Ерусалим среде седницата мораа да одат во засолништа за да ја продолжат седницата по околу 40 минути, на која зборуваше премиерот Бенјамин Нетанјаху.

Израелските медиуми јавуваат дека во претходниот напад, ракета паднала на отворен простор северно од Ерусалим и дека немало жртви. Сирените за воздушен напад се огласија во Ерусалим и Тел Авив, а членовите на палестинската милитантна група Хамас од Појасот Газа лансираа ракети со долг дострел.

Слични содржини