УАПСЕН ТЕРОРИСТОТ ОД БРИСЕЛ

од Stefanija Kuzmanovska
312 прегледи

Осомничениот за терористичкиот напад во Брисел е „неутрализиран“ утрово при полициска интервенција во главниот град, јавуваат белгиските медиуми.

Осомничениот бил застрелан во кафуле во Шаербек, било потврдено за nieuwsblad.be.

Сведок го видел Абдеслам Ласуд во кафуле во близина на зграда која била претресена во понеделникот вечерта.

Кога пристигнала полицијата, дошло до престрелка, при што напаѓачот бил „неутрализиран“ и уапсен.

На истата локација е пронајдено и оружјето употребено во нападот во понеделникот вечерта.

Во моментов се земаат отпечатоци од прсти на починатиот осомничен за со апсолутна сигурност да се утврди неговиот идентитет.

Слични содржини