„Закана за целиот свет“: ИДФ објави ВИДЕО со цел да го пронајде лидерот на Хамас

од Stefanija Kuzmanovska
462 прегледи

Израелските одбранбени сили (ИДФ), како што официјално се нарекуваат војската на земјата, објавија видео кое има за цел да го идентификува и лоцира лидерот на палестинската екстремистичка организација Хамас, која го контролира Појасот Газа.

Клипот беше објавен на официјалниот профил на ИДФ на социјалната мрежа Х (поранешен Твитер).

„Јахја Синвар е директен непријател на државата Израел, а неговата геноцидна терористичка организација Хамас е закана за целиот свет“, пишува во објавата која го придружува видеото.

Во тоа видео, Синвар е етикетиран како „лице кое врши убиства и терористички активности“ и покажува делови од него како ги поттикнува своите поддржувачи да користат ножеви, молотови коктели, па дури и напади со автомобили против непријателите.

При крајот на клипот, натписот „Wanted“ на англиски е поставен над сликата на Синвар.

Слични содржини