Откако се огласи во врска со војната меѓу Израел и Хамас, семејството на Џиџи Хадид добива смртни закани

од Stefanija Kuzmanovska
322 прегледи

Познатата манекенка Џиџи Хадид се огласи во врска со војната на Блискиот Исток, а набргу потоа доби порака од официјалниот профил на Државата Израел.

Џиџи Хадид објави порака во која не го осудува нападот на Хамас врз Израел, но не го ни поддржува, што беше доволно да го привлече светското внимание.

Таа има палестинско потекло од страна на нејзиниот татко, а нејзината порака до Палестинците сè уште е главна тема бидејќи израелската влада ја прозва по објавата.

Меѓутоа, набрзо и целото семејство Хадид се соочило со закани поради поддршката за Палестина, им се заканувале со смрт на социјалните мрежи, преку мејлови и пораки, па сите ги промениле броевите.

Извор изјави за TMZ дека семејството Хадид добивало закани со детали што ќе им биде направено за време на наводната егзекуција.

„Нема ништо еврејско во односот на израелската влада кон Палестинците. Осудувањето на израелската влада не е антисемитско, а поддршката за Палестинците не е поддршка на Хамас“, беше пораката на Џиџи Хадид.

Израелската влада веднаш го сподели нејзиниот одговор на Инстаграм.

„Нема ништо храбро во масакрот на Хамас врз Израелците. Осудувањето на Хамас за она што е (ИСИС) не е против Палестина и поддршката на Израелците во нивната борба против варварските терористи е вистинската работа“, се вели во пораката на Израел.

Слични содржини