Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вечерва демантираше дека израелските одбранбени сили се одговорни за пукањето во болница во Газа.
„Целиот свет треба да знае, варварските терористи во Газа ја нападнаа болницата во Газа, а не израелските одбранбени сили. Оние кои брутално ги убиваа нашите деца, ги убиваат и нивните деца“, сподели Нетанјаху во својот пост на платформата X.
The entire world should know: It was barbaric terrorists in Gaza that attacked the hospital in Gaza, and not the IDF.
Those who brutally murdered our children also murder their own children.
— Benjamin Netanyahu – בנימין נתניהו (@netanyahu) October 17, 2023
Да потсетиме, болницата беше погодена во попладневните часови, а Хамас тврди дека загинале стотици луѓе.
Портпаролот на израелските одбранбени сили ги обвини за нападот Палестинскиот Исламски Џихад, група која негира дека била вмешана во таргетирањето на болницата.