Палестинскиот претседател: Гаѓањето на болницата во Газа е страшен масакр кој не може да се толерира

од Stefanija Kuzmanovska
231 прегледи

Палестинскиот претседател Махмуд Абас утринава изјави дека таргетирањето на болницата Ал-Ахли во Газа е „ужасен воен масакр“ кој не може да биде толериран, додавајќи дека разговорите за што било друго освен за завршување на војната се неприфатливи.

„Израел ги премина сите црвени линии… Нема да заминеме или да дозволиме некој да не избрка од таму“, рече Абас, пренесе „Ројтерс“.

Здравствените власти во Појасот Газа, управуван од Хамас, соопштија дека израелски воздушен напад предизвикал експлозија во која загинаа неколку стотици луѓе, додека израелската војска соопшти дека болницата била погодена од неуспешно лансирање ракета од страна на палестинската милитантна група Исламски џихад.

Бајден денеска во посета на Израел со тешки прашања за Нетанјаху

Американскиот претседател Џозеф Бајден денеска доаѓа во Израел како знак на поддршка за оваа земја во војната против милитантите на Хамас, но и за да постави „тешки прашања“ во време кога според Палестинците, најмалку 500 луѓе биле убиени во напад на израелските сили врз болница во Газа, што доведе до откажување на неговиот планиран самит со арапските лидери.

Од друга страна, израелската армија (ИДФ) објави дека за експлозијата е одговорна неуспешно лансирана ракета од палестинската милитантна група Исламски џихад, пренесува „Ројтерс“.

Јордан поради тоа го откажа самитот за ситуацијата во Појасот Газа, што требаше да се одржи денеска во јорданската престолнина Аман со учество на лидерите на Јордан, Египет, САД и Палестина, а Белата куќа најави дека Бајден нема да патува во таа земја.

Слични содржини