Денеска министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски оствари работна средба со австрискиот покраински министер за европски и меѓународни прашања на сојузната покраина Штаерска, Вернер Амони со новоименуваниот амбасадор на Австрија во Република Северна Македонија, Н.Е Мартин Памер.
На средбата се разговараше за реализацијата на капиталните проекти во изградба и унапредување на целокупната инфраструктура во државата.
Министерот Бочварски ги запозна австрискиот покраински министер иамбасадорот за крупните инфраструктурни проекти што се реализираат на Коридор 8, Коридор 10 и 10-д, како главни европски коридори во регионот за кои Европската унија обезбедува поддршка на Република Северна Македонија.
Министерот Бочварски потенцираше дека Република Северна Македонија во делот на транспортната политика во континуитет ја усогласува легислативата со таа на Европската унија.
На средбата се отвори и прашањето за изградба на железничката пруга на источниот дел на Коридор 8, како и останите капитални проекти со кои Северна Македонија учествува како рамноправен партнер во економското зајакнување на регионот.
„Драго ми што Австрија како членка на ЕУ обезбедува континуирана поддршка за Северна Македонија. Денешнатасредба со австрискиот покраински министер, Амон и амбасадоротПамер само го потврдува тоа. Средбатаја искористив да поразговараме за капиталните проектии нивното огромно значење за регионот.Исто така ги запознав министерот и амбасадорот со крупните капитални проекти и она што планираме да го реализираме во делот на инфраструктурата и транспортниот сектор. Во земјава има голем број на австриски компании што работат и соработуваат со домашните компании и верувам дека таквата соработкаќе продолжи и во иднина.” – изјави министеротза транспорт и врски, БлагојБочварски.
Министерот Бочварски изрази благодарност за досегашната соработка и ја нагласи потребата од интензивирање на таквата соработка и во понатамошниот период.