САД ги проширија санкциите против Иран

од Radmila Tasevska
245 прегледи

САД ги проширија санкциите против Иран поради распостранување на иранските балистички ракети и беспилотни летала и финансирање на Исламската револуционерна гарда, а се однесуваат на седум ирански граѓани, тројца граѓани од Северна Кореја, како и четири ирански и три кинески компании, но и компании од Хонг Конг и Венецуела.

Ова се соопштува во денешната објава на Министерството за финансии во која се вели дека „лицата под санкции обезбедуваат реализација на дестабилизирачката програма на Иран за разработка на балистички ракети и беспилотни летала“.

-Несовесниот избор на Иран во полза на продолжување на распространувањето на уништувачките беспилотни летала и други видови оружје, водат кон развлекување (на траењето) на многубројни конфликти во повеќе региони низ светот, изјави заменик министерот за финансии Брајан Нелсон.

Наметнати се рестрикции за оние кои материјално ја поддржуваат Исламската револуционерна гарда, иранското Министерство за одбрана и вршат логистика на вооружените сили и нивни подружуници за производство и ширење на ракети и беспилотни летала.

САД се заложуваат да продолжат со мерките против распространување од страна на Иран на оружје за деспотските режими и дестабилизирачките сили и ја повикуваа меѓународната заедница да постапи слично.

Оттаму истакнаа дека дел од ова оружје оди во Русија, што Москва го користи за уништување на граѓански објекти во Украина. Со санкциите се прави притисок Иран да се ограничи да снабдува такви земји како Венецуела и Русија.

Од министерството истакнаа дека одлуката за овие рестрикции е поврзана со истекувањето на ограничувањата спрема Техеран воведени според резолуцијата 2231 на СБ на ОН.

-И покрај истекувањето на рокот на резолуцијата 2231 на СБ на ОН, САД се си цврста намера да се спротивстват на заканата што доаѓа со снабдување, разработка и ширење од страна на Иран на ракети, беспилотни летала и други видови оружје.

Слични содржини