Раперот Канје Вест изјавил дека сака јавноста да знае дека тој не е биполарен, како што претходно тврдеше.
Наместо тоа, вели тој, има „знаци на аутизам“ предизвикани од сообраќајна несреќа во 2002 година.
Во бизарна порака до Елон Маск, Канје вели:
„Кога ќе разговараме. Не ми должиш ништо. Никогаш повеќе не треба да разговараш со мене. Но, ако разговараме, природата на врската мора да се промени. Јас не сум биполарен. Имам знаци на аутизам од сообраќајна несреќа“, вели тој и додава:
„Не можете да ја гледате Ким како ги држи моите деца подалеку од мене. И да не кажувате ништо јавно и потоа да се нарекувате мој пријател за да ја доведам мојата публика на вашата платформа која се бори“.
Текстот го објави Иан Конор, момче кое со години е блиско со Канје… Пораката ја објавил на наговор на самиот пејач, откако тој изгубил пристап до речиси сите свои профили на социјалните мрежи.
Елон го суспендираше профилот на Твитер на Канје во декември поради антисемитските коментари на раперот.
Она што е јасно од пораките е дека Канје се уште е во војна со Ким Кардашијан.
Што се однесува до сообраќајната несреќа за која зборува, а која ги предизвикала неговите наводни „аутистички симптоми“, таа била речиси кобна за него.
Канје во несреќата целосно ја скршил вилицата, а другиот возач ги скршил двете нозе.
@cassiusmorris_ Shocking Details About Kanye West Near Death Car Accident 🤯 #fyp #kanyewest #kanye #ye #rap ♬ original sound – Cassius Morris Official