Стабилно и потопло време за продолжениот викенд

од Radmila Tasevska
171 прегледи

За викендот следува период на стабилно и потопло време, освен во текот на ноќта кон недела кога ќе има преодно дестабилизирање со локален пороен дожд. Во сабота ќе дува засилен јужен ветер.

Според УХМР, утре во утринските часови ќе има појава на магла долж Повардарието. Во текот на денот сончево и потопло со умерен до засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 14, а максималната ќе достигне од 23 до 28 степени.

Во Скопје наутро со појава на магла или ниска облачност, во текот на денот сончево со умерен до засилен југоисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне 25 степени.

Слични содржини