Хирург кој работи во Газа се пожали дека мора да лекува бактериски инфекции на рани со „оцет од аголна продавница“, бидејќи медицинските материјали се при крај, пишува Sky News. Гасан Абу Сита, хирург од „Лекари без граници“, објави фотографија од шише оцет на социјалната платформа Х.
Абу Сита работеше во различни болници во Газа од избувнувањето на конфликтот и оперираше во болницата Ал Ахли кога беше погодена во вторникот.
Локалните власти тврдат дека во експлозијата загинале 471 лице, но Израелците ја оспоруваат таа бројка. Двете конфликтни страни се расправаат за тоа кој е одговорен за експлозијата, пренесува Индекс.
Vinegar from the corner shop to treat pseuodomonas bacterial wound infections. Its come to that. pic.twitter.com/mEE4haHMyj
— Ghassan Abu Sitta (@GhassanAbuSitt1) October 19, 2023
Болниците останаа без основните потреби
Израелската војска негираше каква било одговорност, припишувајќи го нападот на палестинската организација Исламски џихад. Тие потоа објавија снимки од беспилотни летала на кои наводно се гледа како ракета на Исламски џихад погодува паркинг на болница во Газа.
Патем, здравствените работници во Газа веќе предупредија дека илјадници би можеле да умрат додека болниците полни со ранети немаат гориво и основни потреби. „Лекарите без граници“ претходно оваа недела соопштија дека хирурзите во болницата Ал Шифа почнале да оперираат пациенти без анестетици бидејќи резервите биле „катастрофално“ мали.