Израел и САД го предупредија Хезболах: „Поставете си го ова прашање“

од Vladimir Zorba
3,1K прегледи

ИЗРАЕЛ евакуира уште 14 населени места на северот на земјата долж границата со Либан поради ескалацијата на непријателствата со милитантите на Хезболах. Пред една недела Израел прогласи затворена воена зона широка 4 километри долж границата со Либан. Израел со воздушни напади го нападна Појасот Газа, управуван од Хамас, по масакрот на 7 октомври во јужните израелски погранични градови.

Оттогаш има размена на оган на границата меѓу Израел и Либан, со загинати од двете страни. Израел и САД го предупредија Хезболах, кој е поддржан од Иран, да не отвора втор фронт во војната.

Израелската војска во неделата го обвини Хезболах дека сака да го ескалира конфликтот во пограничната област со ризик да го вовлече Либан во војна по новата размена на оган меѓу Израел и шиитската група. „Хезболах го напаѓа и го вовлекува Либан во војна од која нема да има корист, но во која ризикува да загуби многу“, предупреди портпаролот на израелската армија Џонатан Конрикус на социјалната мрежа Х.

Тензиите се зголемија во саботата откако во судирите загинаа четворица борци на Хезболах. Израелската страна соопшти дека тројца нејзини војници се повредени, од кои еден потешко. На либанската страна на границата од 7 октомври досега загинаа 27 лица, главно борци, но и цивили, меѓу кои и новинар на Ројтерс.

Израелската армија објави дека загинале вкупно четири лица, меѓу кои и тројца војници. „Дали либанската држава навистина е подготвена да го загрози она што остана од просперитетот и суверенитетот на Либан во корист на терористите во Газа? – праша Конрикус. „Тоа е прашање што либанските власти мора да си го постават и да одговорат“, додаде тој.

Слични содржини