Во Сараево, главниот град на Босна и Херцеговина, започна митинг за поддршка на Палестина, кој се одржува на платото спроти градското собрание на Сараево.
Палестинската заедница во Босна и Херцеговина претходно ги покани граѓаните да донесат палестински знамиња и соодветни транспаренти, јави Анадолија.
„Чувствуваме голема поддршка во Босна и Херцеговина, од сите граѓани и народи на оваа пријателска земја и уште еднаш ги повикуваме граѓаните да ни се придружат во недела, на 22 октомври, на големиот собир за мир во Палестина и против тероризмот и агресијата на израелската окупаторска сила“, изјавија од палестинската заедница во Босна и Херцеговина.
U Sarajevu počeo skup podrške Palestini https://t.co/ygKSNbZQQs#Sarajevo #BiH #Palestina #Palestine #Gaza pic.twitter.com/7Wi7Sfjp3l
— Anadolu BHSC (@aa_balkans) October 22, 2023
Слични протести за поддршка на палестинскиот народ изминатите денови беа одржани во многу европски и светски градови, каде беше изразена солидарност со народот на Палестина и беа упатени апели за итен прекин на израелските воздушни напади врз Газа.
Покрај во Сараево, денеска протести беа најавени и во Карачи (Пакистан), Куала Лумпур (Малезија), Подгорица (Црна Гора), Брисел (Белгија), Берлин (Германија), Лондон и Манчестер (Обединето Кралство), Ротердам (Холандија), Белград (Србија), Париз (Франција), Мексико Сити (Мексико), Милвоки, Мемфис, Бостон, Минеаполис, Омаха, Њу Хевен, Далас и Лас Вегас (САД) и Халифакс, Сент Џон, Лондон, Монтреал, Отава и Викторија ( Канада).