Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху се сретна со војници во близина на Појасот Газа и по тој повод, известуваат медиумите на хебрејски, предупреди за можноста Хезболах да се вклучи во конфликтот.
„Ако Хезболах одлучи да војува, ќе ја направи грешката на својот живот“, рече Нетанјаху.
„Ќе ги удриме со сила која не можам ни да ја замислам, а она што е важно за Хезболах, но и за државата Либан – тие ќе бидат уништени“, упати недвосмислена закана израелскиот премиер.
Нетанјаху им рекол на своите војници дека „знае дека тие изгубиле пријатели“ и дека тоа е „многу тешка работа“, но дека Израел е во „борбата на нашиот живот, борбата за нашиот дом“.
„Тоа не е претерување, тоа е оваа војна. Убиј или биди убиен, а тие треба да бидат убиени“, заклучи Нетанјаху.
Ова е прв пат од 7 октомври Нетанјаху да му се заканува на Либан. Пред тоа тој, како и други израелски функционери директно му се закануваа само на Иран.
Инаку, медиумите на хебрејски јазик денеска објавија дека израелскиот премиер „води кампања“ против сопствената армија за да ја префрли вината за нападот на Хамас на 7 октомври.