Шолц: Огорчен сум од антисемитската агитација што се шири дури и во Германија

од Vladimir Zorba
3,1K прегледи

Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави денеска, на церемонијата на отворање на новата синагога во Десау, дека е огорчен од антисемитската агитација што се шири дури и во Германија додека беснее војната меѓу Израел и Хамас.

На отворањето на новата синагога во Десау, град во источна Германија каде нацистите ја уништија синагогата пред 85 години, Шолц нагласи дека Германија ќе направи се за да го заштити животот на еврејската заедница, пренесе АП.

Шолц изјави дека е длабоко огорчен од начинот на кој се шири антисемитска омраза на Интернет, на социјалните мрежи ширум светот, па дури и во Германија по конфликтот меѓу Хамас и Израел.

Слични содржини