Не ви се потребни многу состојки за да направите вкусно јадење. Оваа паста со кељ и пармезан е најдобар пример за тоа.
Зеленчукот исечете го на помали парчиња и на тој начин скратете ја термичката обработка на оваа храна.
Пармезанот, путерот и сокот од лимон ќе додадат сладост на јадењето, а тостираните борови ореви додаваат дополнителна доза на крцкање при сервирање.
Ако во исто време почнете да готвите тестенини и кељ, ова јадење ќе биде готово за околу 20 минути.
Состојки:
* 350 гр кељ
* 250 гр суви тестенини
* 50 гр путер
* 45 гр рендан пармезан
* 30 гр борови ореви
* 2 чешниња лук
* ½ лимон
* сол и бибер по желба
Подготовка:
Во тавче растопете го путерот.
Додадете исчистен кељ исечен на помали парчиња. Зачинете го со сол и бибер и пржете ги заедно околу осум минути, често мешајќи.
Додадете го сечканиот лук и пржете го околу половина минута.
Сварете ги тестенините според упатството на пакувањето и зачувајте 100 ml од водата во која се варени тестенините.
Покријте го кељот со малку од водата од сварените тестенини. Додадете ги сварените тестенини и сè добро измешајте.
Додадете сок од лимон и рендан пармезан.
Намалете ја температурата и сè заедно варете уште пет минути за да се соединат вкусовите.
Доколку е потребно, додадете повеќе сол и бибер.
Попрскајте го оброкот со препечени борови ореви.
На здравје!