ПОРАЗИТЕЛНИ БРОЈКИ: Колку новинари загинаа од почетокот на војната меѓу Хамас и Израел?

од Stefanija Kuzmanovska
593 прегледи

Бројот на новинари убиени во војната меѓу Хамас и Израел се искачи на најмалку 23, објави Комитетот за заштита на новинарите (CPJ), независна американска непрофитна и невладина организација.

Рошди Сарај, новинар и режисер, загина во неделата во Газа по израелски воздушен напад, објави CPJ во понеделникот.

Сарај беше 19-ти новинар убиен од почетокот на борбите на 7 октомври. Уште тројца новинари се убиени во Израел за време на нападот на Хамас, а еден е убиен на израелско-либанската граница, наведе CPJ.

Слични содржини