Попладнево повторно пукање во трговскиот центар „Ист Гејт Мол“ и повторно во лицето Раде Трајковски – Штекли, дознава „Локално“ од наши извори.
Според информациите, Трајковски е тешко повреден и се наоѓа во животна опасност.
Дел од вработените во трговскиот се евакуираат преку споредните влезови од објектот. На местото на настанот се присутни голем број полициски службеници.
Повеќе детали се очекуваат во текот на денот.
Во лицето, кое веќе е познат на скопското подземје, беше пукано и кон крајот на август летово, во гаражата на трговскиот центар. Тогаш „Штекли“ не беше повреден.
Трајковски неофицијално се поврзуваше и со истрагата за убиството на младиот фудбалер Мартин Јанушев. Тој беше екстрадиран по апсење во Србија и одлежа 6-месечна затворска казна во „Шутка“ за друго дело. По првичните сомнежи, во истрагата за убиството не беа најдени докази за Трајковски и тој не беше обвинет.