Секој што сака да ги проба рецептите што ги подготвува неповторливиот Џејми Оливер, наскоро повеќе нема да мора да патува далеку. Како што е откриено на новоотворениот профил на Инстаграм наречен „jamiesitalianserbia“, франшиза на рестораните на најпознатиот „гол готвач“ се отвора во Белград.
На Инстаграм е објавен и конкурс за готвачи, шанкери, келнери, хостеси, помошен персонал, менаџери, директор за логистика и генерален менаџер.
Во огласот пишува: „Jamie Oliver’s Italian доаѓа во Белград и бара ентузијастички, тимски играчи кои се подготвени да ја споделат својата страст со колегите и гостите. Ако се препознаете во овој опис и сакате да бидете дел од нешто посебно, би сакале да ве запознаеме!“
Ќе организираме отворен ден за вработување во Белград на 09.11.2023 година. Дојдете да го запознаете Jamie’s Italian brend и аплицирајте за позиции што ве интересираат.
Откриена е локацијата на идниот ресторан и ќе биде на Белград на вода. Станува збор за нов, урбан центар во Белград, наменет за домување, но и за деловен простор за оние „со подлабок џеб“.